Пирамида на Тирана и библиотека во Пекинг меѓу најисчекуваните архитектонски проекти во 2023

Популарниот портал „Дезин“ објави листа со неколку архитектонски проекти за кои вели дека јавноста ги чека со најмногу во 2023 година. На листата се наоѓаат само необични архитектонски проекти чија изградба треба да заврши оваа година.

Центарот „Гилдер“ во Њујорк

На листата најисчекуваните нови градби во САД е центарот „Глидер“ во Њујорк, кој се гради во продолжение на Американскиот природонаучен музеј. Бетонскиот ентериер на оваа градба ќе наликува на пештери.

Цивилен уметнички центар „Жухаи Џинван“ во Кина

Студиото „Заха Хадид“ е поставено над вештачко езеро во Жухаи, во јужниот дел на Кина. Покривот има изглед на птици преселници во чии четири крилја ќе бидат сместени театар, уметнички музеј, флексибилна сала и научен центар.

Пирамидата во Тирана

Напуштениот музеј посветен на Енвер Хоџа се трансформира во младински центар во вид на пирамида. Проектот е на холандското студио „МВРДВ“, кое освен пирамидата, треба да доврши уште неколку проекти во текот на оваа година.

Библиотека во Пекинг

Библиотеката ја дизајнираше студиото „Снехета“, а посетителите ќе имаат чувство дека се наоѓаат во шума. Меѓу седиштата се поставени десетици тенки столбови кои се разгрануваат на покривот и завршуваат со орнаменти кои личат на крошни од дрвја.

Аврамска куќа во Абу Даби

Замислен како комплекс кој ќе биде посветен на три вери, аврамската куќа во Абу Даби ќе содржи црква, џамија и синагога.

 

Scroll to Top