Пиволенд пред „Борис Трајковски“, тридневно музичко и гурманско уживање

Скопскиот пивски фестивал – Пиволенд оваа година започнува на 21-ви септември. Дванаесетото издание на Пиволенд ќе се оддржи на 21-ви, 22-ри и 23-ти септември на паркингот пред спортската сала Борис Трајковски.

„Најголемиот гурмански викенд со Пиво во Скопје како и предходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма“, информираат организаторите.

На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Како што информираат организаторите наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители.

 

Scroll to Top