Директорот од Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минесота, Мајкл Остерхолм е убеден дека платнените маски не можат да не заштитат од делта сојот. Тој вели дека тие не се толку ефикасни и дека маските N95 се подобра опција.
Остерхолм ги советува сите да не ги носат овие маски, со цел да се намали ризикот од заразата. Од Центарот за контрола и превенција на болести наведува дека платнените маски овозможуваат одредена доза заштита и дека ефикасноста на овие маски зависи од видот на ткаенина.
Важен е бројот на слоеви и дали маската одговара правилно на лицето кое ја носи. Досегашните студии покажале дека платнените маски кои имаат повеќе слоеви штитат подобро од еднослојните маски и дека во некои ситуации може да филтрираат околу 50 проценти од фините честички.
Според анализите, носењето маска доведе до голем пад на бројот на новозаразени.
„Мораме да зборуваме за тоа како подобро да се заштитиме со маски. Мора да зборуваме за Н95 маските кои би можеле да направат многу и за невакцинираните и за оние кои претходно не се заразиле“, изјавил Остерхолм.
Скот Готлиб, поранешен комесар на Агенцијата за храна и лекови, минатиот месец изјави дека е потребна квалитетна маска за заштита од соеви, толку заразни како делта варијантата. Покрај тоа, тој нагласи дека маските KN95 и N95 може да бидат многу поефикасни.