Актерката Ума Турман, за која со години се сметало дека е блиска пријателка на режисерот Квентин Тарантино, во неодамнешното интервју открила дека неговата непромислена одлука за малку ќе ја чинело живот.
„Околностите на овој настан се граничат со криминален дел“, изјавила Ума Турман за несреќата што се случила во Мексико во 2002 година за време на снимањето на филмот на Квентин Тарантино, „Кил Бил“ („Убиј го Бил“).
Актерката во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека режисерот ја принудил да вози неисправен автомобил по неасвалтиран пат, иако таа барала да ја замени каскадер.
Одеднаш изгубила контрола и удрила во дрво. Си ги повредила колената и вратот, а поради тие повреди, како што вели, страда до ден-денешен.
Напомош ѝ пристигнале членови од техничката екипа.
„Во тој момент помислив дека никогаш повеќе нема да можам да застанам на нозете“, изјави актерката.
По инцидентот, до студиото „Мирамакс“, под чие закрила е сниман филмот, актерката се закани со тужба, но до снимката никако не можеше да дојде.
„Со години Вајнштајн и неговите продуценти го забошотија инцидентот и одбиваа да ми ја дадат снимката. Се откажав од тужба, но ни Квенин не сакаше да ми ја даде снимката“, раскажа Турман.
Снимката, конечно, ја доби 15 години по несреќата.
„Сега повеќе не ми е важно. Мојот врат и колената трајно се оштетени“, вели таа.
Ума откри уште некои детали од снимањето, а се однесуваат на славниот режисер. Кога ги снимила сцените со Мајкл Медсен, Тарантино ѝ плукнал в лице, а во моментите на снимањето на другата сцена ја давел со синџир.
По овие исповеди, многу актери ѝ се заблагодарија дека проговорила за сериозен холивудски проблем.
„Тарантино ја игнорирал и актерката Дарли Хан кога му се пожалила дека Харви Вајнштајн ја малтретирал. Само ја тргнаа од промотивната турнеја. Ова е причина зошто Вајнштајн толку долго не го спречиле“, напишал режисерот Џуд Апатов.
Ума потоа изјавила дека му простила на режисерот затоа што сметала дека немал зла намера.
„На Квентин денеска му било жал и се чувствува лошо поради тоа што се случило. Кога ми ја даде снимката, знаев дека ќе ја објави и дека тоа ќе биде лошо за него. Се гордеам со него што храбро ја направи оваа работа“, напиша Турман.
Инаку, Квентин Тарантино по сето ова се огласи велејќи дека тоа што ѝ се случило на Ума е неговата најголема грешка.