По 30 години повторно ќе се снима „Дајте музика“

Популарната музичка серија за деца „Дајте музика”, која се прикажуваше на Македонската телевизија, повторно ќе почне да се снима по речиси 30 години пауза.

Со серијата која беше во режија на Лазар Паковски и Миле Гроздановски израснаа многу генерации, а многумина се сеќаваат и на најавната шпица со Ристо Самарџиев.

Сега, по речиси 30 години,„Дајте музика” повторно ќе започне со снимање, овој пат со децата од  актерската школа на Весна Петрушевска, а за облеката ќе биде задолжена стилистката Цаци Паковска.

„Ова е одлична вест за позворасните генерации кои ќе се потсетат на едно безгрижно време и на добрите детски денови, но и за новите генерации кои ќе имаат можност да ги доживеат тие времиња“, коментираат на социјалните мрежи.

Scroll to Top