По двегодишна пауза, жителите на Лондон повторно се возеа во метро без панталони

Жителите на Лондон по две години пауза поради пандемијата, повторно може да се возат во метро без панталони. Ова е традиција во Лондон.

Ваквата традицијата на возење во метро без панталони, се одржува во градовите ширум светот од 2022 година кога првпат се одржа во Њујорк.

Како што пишува британски Метро, ​​сите жители на Лондон знаат дека, иако е слободен стил, постојат одредени непишани правила за учество, меѓу кои и незагледување во другите и избегнување контакт со очи. Исто така не е дозволена проѕирна или премногу оскудна облека како танга.

А подготовката на настанот е специфична. Организаторите – The Stiff Upper Lip Society – ја чуваат патеката за возење во тајност секоја година, така што оваа година, пристигнувањето во Чајнатаун ​​беше единствениот начин за заинтересираните да се приклучат на возењето.

Scroll to Top