На 74-годишна возраст почина македонскиот сликар и истражувач Александар Настески. Тој е роден во Гостивар, а работел и живеел во Тетово.
Тој беше еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина. Тој најчесто работел со масло, односно комбинација на пејзажи, портрети и мртва природа. Член беше на Здружението на ликовни уметници од Тетово. Во јуни 2020 година во Центарот за култура во Тетово ја одржал својата 26 самостојна изложба.
Дипломирал како сликар-костимограф на Белградскиот универзитет во Србија.
Настески имал над 30 изложби во земјава, Франција и Италија. Лани ја доби наградата за животно дело „19 Ноември“ што се доделува по повод ослободувањето на Тетово.