Почина египетскиот бизнисмен Мохамед Ал Фаед, 26 години откако неговиот син загина заедно со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз, пишува Дејли мејл.
По смртта на неговиот син Доди, Мохамед покренал сопствена приватна истрага за несреќата бидејќи бил незадоволен од официјалната истрага.
Милијардерот, чии деловни интереси во Велика Британија ги вклучуваа стоковната куќа „Хародс“ и ФК Фулам, имаше 94 години.
Тој е роден во Александрија и се преселил во Обединетото Кралство во 1960-тите, станувајќи рана движечка сила во развојот на Дубаи, а подоцна го купил House of Fraser, кој бил сопственик на Harrods, како и хотелот Ritz во Париз, заедно со неговите браќа.
Повеќето го знаат најдобро по неговата постојана потрага по одговори на прашањата поврзани со смртта на неговиот син Доди, кој загина во сообраќајна несреќа во Париз заедно со Дијана, принцезата од Велс на 31 август 1997 година.
Former Harrods and Fulham FC owner Mohamed Al Fayed has died.
His death comes almost 26 years to the day his son Dodi Fayed died alongside Princess Diana in a car crash in Parishttps://t.co/cJLQGKyqMo
— ITV News (@itvnews) September 1, 2023