Почина германскиот фитнес инфлуенсер Џо Леиндер

Познатиот бодибилдер и инфлуенсер Џо Леиндер почина на 30-годишна возраст.

Овој германски фитнес инфлуенсер има 8,4 милиони следбеници на Инстаграм каде секојдневно објавува фотографии и видеа од теретана.

Инфлуенсерот починал од аневризма потврдила и неговата девојка Нича, а неколку дена пред смртта се пожалил на болки во вратот.

„Бев во собата со него, ми го стави ланчето што ми го направи околу вратот. Потоа само лежевме. Го чекавме да оди во теретана. Беше во моите раце. Сè се случи толку брзо. Пред три дена почувствува болка во вратот, не сфативме што е тоа додека не беше предоцна. Тој беше толку добар, силен,посветен на работата, лојален и паметен“, напиша Нича.

Scroll to Top