Почина ќерката на американскиот рапер Перси Роберт Милер

Почина Татјана Милер, ќерката на познатиот американски рапер Перси Роберт Милер. Тажната вест ја објави Милер познат и како Мастер П. Тој рече дека таа се борела со зависноста и дека имала психички проблеми.

„Нашето семејство се бори со големата загуба. Со почит до сите, но бараме во овој период малку приватност за да можеме да тагуваме. Ги цениме сите ваши молитви и поддршка. Душевната болест и злоупотребата на дрога се вистинското зло од кое не смееме да се плашиме да разговараме. Со господ ќе го пребродиме и ова“, рече Милер.

Од Татјана се прости и нејзиниот брат Ромео.

„Иако ова се тажни времиња, засекогаш ќе бидам благодарен за спомените кои ги имав со мојата неверојатна сестра. Љубов кон најмилите, зашто животот е краток“, рече Ромо.

За потсетување, раперот својот врв во кариерата го имаше во деведесеттите години со групата TRU. Зад себе има 15 објавени албуми, а со неговата песна Make ‘Em Say Uhh, го дистигна врвот во 1997 година.

Scroll to Top