Почина легендарниот англиски коментатор Џон Мотсон

На 77-годишна возраст почина легендарниот англиски коментатор на фудбалот, Џон Мотсон. Тој починал во сон, информираат англиските медиуми.

Мотсон имал кариера која траела повеќе од половина век. Известувал од десет светски и исто толку европски првенство, присуствувал на 29 финалиња во ФА Купот и уште над 200 други натпревари во Англиоја.

Веста за смртта ја потврди неговото семејство, а се огласи и директорот на „Би-Би-Си“, Тим Дејви.

„Џон Мотсон, беше гласот на една фудбалска генерација, не водеше низ многу пресврти и големи натпревари. Џон ги имаше вистинските зборови во вистинско време на најдобар начин да ги пренесе моментите во кои се радувавме или бевме разочарани. Заслужено ќе остане запаметен како легендарна фигура во британското спортско емитување“, , изјавил Дејви.

Oд Мотсон се простија и најголемите клубови на Островот.

Scroll to Top