Почина легендарниот фудбалер на Барселона, Маркос Алонсо

Легендарниот фудбалер на Барселона Маркос Алонсо почина на 63 години. Шпанските медиуми пренесоа дека починал по долго боледување. Важеше за еден од најважните шпански фудблаери, а во кариерата играше за Расинг Сантандер, Атлетико Мадрид и Барселона.

Играше во сите категории во шпанската репрезентација. Имаше и богата тренерска кариера. Беше на клупата на Рајо Валјекано, Севилја, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Валјадолид, Малага и Гранада.

За тимот на Барселона играше во периодот од 1982 до 1987 година.

Scroll to Top