На 87-годишна возраст почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски. Тажната вест ја објави неговата ќерка пејачката Искра Трпева.
„Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко“, рече Искра.
Ванчо Трпевски беше фудбалер и тренер на Вардар, а како селектор работеше во младински македонски селекции.