Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна по јутјуб-каналот за здрав начин на живот, кој го водеше со нејзината внука Лиз Џонсон.
Лопез, која во своите емисии тврдеше дека веганството може да излекува од рак, почина по медицински третман за карцином на дојката. Според нејзината внука, причина за неуспешното лекување е тоа што во болницата ја хранеле со месо.
„Тој начин на исхрана во комбинација со подготовка на храната во микробранова печка се причина за нејзината смрт“, потенцира Џонсон.
Лопез меѓудругото практикувала и строги детоксикациски диети како 90-дневно чистење со сокови од лимон и ѓумбир.
По смртта на Лопез, нејзината внука ја укина можноста да се коментира на каналот.