Почина Пол Грант актерот од „Војна на ѕвездите“

Актерот Пол Грант, попознат на публиката од филмовите „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“, почина на 56-годишна возраст, потврди неговото семејство.

Членовите на семејството изјавија за „Сан“ дека полицијата го пронашла таткото на три деца колабиран пред станицата „Кингс Крос“ во четвртокот попладне, и тој бил однесен во болница, каде што му била прогласена мозочна смрт.

Апаратот за одржување во живот на кој бил прикачен актерот бил исклучен во неделата, додаваат тие.

Неговата ќерка Софи Џејн Грант проговори за смртта на нејзиниот татко:

„Татко ми беше легенда на многу начини. Секогаш ги смееше сите“.

Scroll to Top