Почина рок-легендата Дејвид Крозби, еден од највлијателните музичари во 60-тите

На 82-годишна возраст почина познатиот музичар Дејвид Крозби, јавуваат светските медиуми. Крозби беше еден од основачите на два големи бенда во 60-тите години на минатиот век, The Byrds и Crosby, Stills and Nash.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Дејвид Крозби по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и љубезна душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига“, се наведува во изјавата на неговата сопруга која побарала да се почитува приватноста на нивното семејство, пренесува Би-би-си.

Во соопштението од семејството велат дека неговото наследство ќе живее преку неговата легендарна музика.

Американскиот музичар е еден од ретките на кој двапати беше примен во американската рокенрол Куќа на славните.

Крозби е роден во Калифорнија во 1941 година.

 

 

 

 

 

Scroll to Top