Поранешниот астронаут Волтер Канингем, кој полета во вселената со Аполо 7 во 1968 година на првата мисија Аполо со екипаж што го отвори патот за слетување на Месечината во следните години, почина на 90-годишна возраст, соопшти НАСА.
Канингам им се придружи на членовите на екипажот Волтер Шеј и Дон Ајсли во успешната 11-дневна мисија, која беше изведена во ниската орбита на Земјата како прв човечки пробен лет на новото вселенско летало Аполо, кое подоцна ќе патува на Месечината.
Аполо 7 го означи продолжувањето на програмата за вселенски летови на НАСА 21 месец по пожарот во кој загинаа сите тројца членови на екипажот на Аполо 1 за време на пробното лансирање на теренот кон крајот на јануари 1967 година.
Канингем, кој беше избран за астронаут во 1963 година, служеше во американската морнарица и марински корпус и леташе во 54 мисии како борбен пилот, објави Ројтерс.
„Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач – но, пред сè, тој беше истражувач“, соопшти НАСА.
View this post on Instagram