Формулата датира уште од средновековна Европа од периодот кога луѓето страдале од сите видови болести и епидемии. Тоникот е всушност антибиотик кој убива грам-позитивни и грам-негативни бактерии.
Тој исто така има силна антивирусна и антигабична формула, ја зголемува циркулацијата во крвта и лимфите во сите делови на телото. Одличен лек е против кандида.
Помага за лекување многу вируси, бактериски, паразитски и габични болести. Неговата сила, секако, не треба да се потценува. Тајната е во моќната комбинација на квалитетни природни и свежи состојки!
Состојки:
700 мл свеж јаболков оцет (секогаш користете органски)
една четвртина чаша ситно сечкан лук
една четвртина чаша ситно сечкан кромид
2 свежи пиперки (бидете внимателни во чистењето – носете ракавици) рендани
една четвртина изрендан ѓумбир
2 лажици рендан рен
2 лажици куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, освен оцетот. Ставете ја смесата во тегла. Најдобро е кога 2/3 од теглата се состојат од суви состојки, а остатокот пополнете го. Затворете добро и протресете.
Чувајте ја теглата на студено и суво место 2 недели. Промешајте неколку пати дневно. По 14 дена, стиснете добро и процедете го остатокот на водата низа газа.
Тоникот не чувајте го во фрижидер.
Пијте 1 лажичка секој ден за да го зајакнете имунитетот.
Зголемете ја количината секој ден, максимум 1 мала шолја дневно.
Ако се борите против сериозни болести или инфекции, земајте и 1 лажичка тоник 5-6 пати дневно.