Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ е еден од најпосетуваните во светот. За повеќето луѓе посетата на овој музеј е единствената можност одблизу да видат како навистина изгледаат нивните филмски, спортски и музички идоли. Но, и врвните скулптори од „Мадам Тисо“ понекогаш грешат и не успеваат да го доловат вистинскиот лик на ѕвездата што ја изработуваат од восок. Ова се некои од најголемите промашувања во музејот, фигури кои по кусо време биле повлечени.