Првата фотографија на Мариса Абела како Ејми Вајнхаус во биографскиот филм за пејачката

Објавена е првата фотографија од актерката Мариса Абела како Ејми Вајнхаус во биографскиот филм за починатата британска музичка ѕвезда „Бек ту Блек“. Филмот ќе го режира Сем Тејлор Џонсон, познат по адаптацијата на контроверзниот еротски роман „50 нијанси сиво“

Како што најавуваат од Студио Канал, кое стои зад филмот заедно со Фокус Фјучарс и Монументал Пикчр, „Бек то Блек“ ќе не врати во колоритните рани години од кариерата на Ејми Вајнхаус и нејзиниот интензивен пат до славата, пренесува Вараети.

Абела на пошироката публика и е позната по улогата на Јасмин Кара-Ханани во серијата „Индустрија“ на HBO и минатогодишниот криминалистички трилер „Нечесниот агент“.

Сценариото го напиша Мет Гринхул, кој претходно работеше со Тејлор Џонсон на филмот „Ноувеар бој“ за тинејџерските денови на Џон Ленон, па дуото веќе е запознаено со работата на филм за музички икони.

Scroll to Top