На 1. април, Светскиот ден на шегата, во скопската Зоолошка градина ќе се одржи Првоаприлски маскенбал. Настанот ќе започне во 12.30 часот напладне.
„На бината за настани во Скопје ЗОО, ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки. За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба“, велат од Скопје ЗОО.
„Дојдете маскирани“, порачуваат организаторите.
Фото: Фејсбук