Американската асоцијација на психијатри потврди дека постојаното правење селфи фотографии е психичко нарушување. Ваквото нарушување се нарекува селфитис и се дефинира како опсесивно-компулсивна потреба да се прават селфи слики за да се ставаат на социјалните медиуми. Според нив, ова е еден вид на компензација за недостатокот од самодоверба и задоволување на потребата да им се допаднеме на другите.
Селфитисот има три фази.
Рана фаза на селфитис: се фотографирате себеси најмалку три пати на ден, но фотографиите не ги објавувате на социјалните мрежи.
Остар селфитис: се фотографирате себеси најмалку три пати на ден и сите фотографии ги објавувате на социјалните мрежи.
Хроничен селфитис: неконтролирана желба да се фотографирате деноноќно и да ги објавувате сите направени фотографии на социјалните мрежи повеќе од шест пати на ден.
Неодамна експертите открија дека со објавувањето селфи фотографии додека вежбате или додека трчате, се демонстрира присуство на сериозно психичко заболување – нарцисизам.