Ракун ја исклучи струјата во Торонто: се заиграл со инсталациите, па 7 илјади луѓе останаа во темница

Љубопитен ракун си поигра со електрични инсталации во Торонто и предизвика прекин на електричната енергија на илјадници луѓе во центарот на градот, соопштија денеска градските власти.

Како резултат на лудоријата на ноќниот цицач доцна во четвртокот навечер во најголемиот канадски град, меѓу другото, некои семафори биле исклучени, а многу луѓе останале заглавени во лифтови, објави Ројтерс.

Прекинот на електричната енергија ги погоди областите на околу два километри од култната канадска национална кула (CN Tower) и остави околу 7.000 луѓе во темнина речиси три часа, соопштија градските власти.

Според британската агенција, тимовите кои го истражувале инцидентот утврдиле дека ракунот ја манипулирал опремата на станицата во центарот на Торонто, а животното не преживеало.

Градската противпожарна служба соопшти дека поради прекин на електричната енергија неколку пати морала да спасува луѓе од заглавените лифтови.

Според истражувачкиот центар „Електрисити Канада“, верверичките се убедливо најчеста причина за прекин на електричната енергија, а по нив се ракуни и птици.

Scroll to Top