Роналдо ја зема ќерката во прегратка: Славниот фудбалер сподели семејна фотографија по загубата на бебето

Кристијано Роналдо ја сподели првата фотографија со новородената ќеркичка по смртта на синчето

По смртта на едно од близнаците, Кристијано Роналдо ја сподели првата фотографија со новородената ќерка. Славниот фудбалер го држи бебето во прегратка, додека до него седи и ќерката Алана Мартина.


„Доме сладок доме. Џио и нашето мало девојче се конечно заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за милите зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ние ја почувствувавме љубовта и почитта која ја имате за нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот на кој штотуку му посакавме добредојде на овој свет“ – пишува на фотографијата.

 

Scroll to Top