Сателитски слики од турските градови пред и по разорниот земјотрес

Американската компанија Максар Технолоџис објави сателитски снимки од турските градови пред и по земјотресите, кои го покажуваат степенот на штетите предизвикани од разорните земјотреси кои во понеделникот ја погодија областа. Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа во понеделникот рано наутро додека луѓето спиеја, а друг со јачина од 7,5 степени по Рихтер ја погоди истата област околу пладне додека преживеаните се обидуваа да извлечат што е можно повеќе луѓе од урнатините.

 

Според досега објавените информации, загинале најмалку 16 илјади лица, додека над 50 илјади се повредени.

Додека тимовите за пребарување и спасување од целиот свет пристигнаа во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.

 

Турција го процени бројот на спасувачкиот персонал кој работи на пронаоѓање на преживеани во урнатините на урнатите куќи и згради на повеќе од 60.000, додека војската распореди 100 авиони и 10 бродови.

Конечните размери на катастрофата се уште не се јасни, а голем број луѓе се водат за исчезнати под урнатините. Во некои градови поради земјотресот се урнаа цели блокови. Повеќе од 5.700 згради се урнаа во Турција.

 

Scroll to Top