Се бараат глумици за снимање порнофилм, објавен оглас за работа во Хрватска

Оглас за работа во Хрватска во кој се бара најмалку десет актерки и актери кои ќе глумат во порно филм, стана хит на социјалните мрежи.

Станува збор за хонорарна работа за која бараат повеќе од 10 лица, а ќе бидат избрани на аудиција за снимање на која се очекува да се пријават најмалку стотина заинтересирани, стои во описот на огласот.

Работата е со скратено работно време, а условите не се строги. Може да се пријават и работници без никакво работно искуство, но со минимално познавање на англискиот јазик.

Работата која се нуди е во Осиек. Инаку, како што неофицијално пишува хрватски портал, почетниците во порно индустријата во Хрватска можат да заработат околу 200 евра по снимка, односно по филм.

Во огласот стои и дека работодавачот нуди флексибилно работно време, додека физичките предиспозиции не се наведени во огласот.

Scroll to Top