Поранешниот принц Хари, внукот на британската кралица Елизабета Втора, денеска го прослави 36 роденден. Хенри Чарлс Алберт Дејвид Маунтабатен-Виндзор, кој минатата година се ожени за глумицата Меган Маркл, од неодамна се откажа од кралското семејство.
Двојката се пресели во САД, каде што почнаа да се финансира самостојно. Пред да се откаже од кралската титула, Хари беше шестиот по ред на британскиот трон по неговиот татко, принцот Чарлс, неговиот брат, принцот Вилијам и внуците, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Поранешниот принц има завршено во најпрестижното приватно училиште во Итон, а високото образование го добил на Кралската воена академија Сандхурст.
Кон крајот на 2007 година и почетокот на 2008 година служел во Авганистан како воен контролор на летање и ги координирал летовите против талибанците.
Откако веста за неговиот тамошен престој ја пренесоа светските медиуми, принцот од безбедносни причини мораше да го прекине престојот во Авганистан пред предвидениот рок.
Хари од неодамна ја изгуби и воената титула. Тој повеќе не смее да носи униформа како капетан на Кралската морнарица, почесен капетан на Кралското воено воздухопловство и почесен генерал на Кралската морнарица.
По стапките на неговата мајка, принцезата Дајана, која ја изгуби на 13 години, Хари заедно со неговиот брат Вилијам, посветува многу време на добротворни организации.
Пред неколку години се најде во таблоидите како голем љубител на гласните забави. Неговите постапки предизвикаа гнев кај кралицата, а кралскиот двор се најде во непријатна положба.
Долго време печатот го нарекуваше „најпосакуваниот ерген во Британија“. По венчавката со Меган Маркл, тој често ги крши кралските правила. Беше критикуван затоа што ја држи Меган за рака, а често биле видени како разменуваат бакнежи на јавни настапи.
На 6 мај 2019 година принцот Хари и Меган го добија синот Арчи. Во јануари годинава двајцата објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности и се преселија во САД.
Денес, по повод неговиот роденден, палатата Кенсингтон објави фотографија од него со принцот Вилијам и Кејт на Инстаграм, посакувајќи му среќен празник.
И кралицата Елизабета му го честиташе роденденот со нивна заедничка фотографија. Роденденот на му го честитаа и неговиот татко, принцот Чарлс и Камила.