Се продава писмото со кое Марлон Брандо и раскинува на својата девојка

Рачно напишаното писмо на младиот Марлон Брандо, со кое ја заврши врската со Французинка кон крајот на четириесеттите години на 20 век, би можел да се продаде на аукција за 15.000 долари, пишува Си-Ен-Ен.

Писмото е адресирано до Соланж Подел, со која Брандо имал врска додека бил ѕвезда на Бродвеј.

Бостонската RR Auction го продава писмото преку Интернет, а аукцијата завршува на 9 февруари.

„Го пишувам ова писмо за да објаснам дека поради мојот ексцентричен и избувлив темперамент не сакам да ги понижувам и повредам твоите чувства со тоа што ќе те видам само кога ми одговара на расположението“, напишал Марлон Брандо.

Според RR Auction, Брандо и Подел се запознале зад сцената во 1947 година за време на снимањето на филмот „Трамвај по име желба“.

По раскинувањето, Брандо ја продолжил кариерата во Холивуд, додека Подел работела како фотографка.

Брандо освои два Оскари за најдобар актер, за „Кум“ и „На доковите на Њујорк“.

Scroll to Top