Францускиот замок, во кој умрел англискиот крал Ричард Лавовско Срце, е oгласен за продажба за речиси 1 милион евра, пишува денеска британскиот весник. The Telegraph.
Според информациите на весникот, замокот Шалју Шаброл во Лимузен е со површина од 600 км и ќе се продава за 996.400 евра. Тој има 15 соби и се наоѓа во самиот центар на селото Шалју, каде се открива “уникатна глетка кон целиот регион”.
Сегашните сопственици се тројца Холанѓани. Веројатно купувачи се двајца Французи, но договорот се уште не склучен. Ричард Лавовско Срце бил ранет во борба на 26 март 1199 во опсадата на Шалју Шаброл и подоцна починал од труење на крвта.