Секс-играчка од 2 век пронајдена во остатоци од римска тврдина

Дрвен предмет пронајден во остатоците од римската тврдина во близина на ѕидот на Адријан во Велика Британија се претпоставува дека е секс играчка од 2 век, пишуваат странските медиуми.

Експертите прво мислеа дека предметот од 16 сантиметри можеби е алатка за шиење, но сега мислат дека тоа би можело да биде најраниот пример на дрвен фалус пронајден некаде во поранешната Римска империја.

Кога го анализирале, откриле дека двата краја биле значително помазни, што укажува на повторена употреба со текот на времето – што сугерира дека можеби имало поинтимна употреба.

Сепак, тие рекоа дека не исклучуваат дека тоа би можело да биде симбол на среќа или алатка за мелење состојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Scroll to Top