Шефица во „Гугл“ му се пуштала на еден од вработените, кога ја откачил, добил отказ

Еден од извршните директор на „Гугл“, Рајан Олохан, тврди дека бил отпуштен од работа затоа што ја одбил неговат надредена Тифани Милер. Рече дека добил отказ затоа што не сакал да му се додворува. Ја одбил на прославата кога бил унапреден и се приклучил во нејзиниот тим.

Почнала да му се додворува во ресторан во декември 2019 година. Му рекла дека знае дека му се допаѓаат жени со азиско потекло. Почнала да го допира по стомачните и го фалела како изгледа. Му рекла дека ѝ недостига зачин во бракот, стои во судските документи кои ги пренесе „Њујорк Пост“.

Олохан кој исто е оженет и татко на седум деца, рече дека од старт му било непријатно да зборува затоа што во прашање била негова колешка. Подоцна одлучил да ја објави неговата страна од приказната.

Проблемот го пријавил во одделението за човечки ресурси уште следната недела, но од жалбата немало ништо. Олохан тврди дека Милер почнала да му се одмаздува затоа што се жалел. Почнала да го критикува и го пријавила во секторот за човечки ресурси заради микроагресија.

Одмаздата наводно се случила на настан кој го организирал „Гугл“ во декември 2021 година. Милер била пијана и го опоменила Олохан пред колегите. Подоцна му се извинила, а иако од „Гугл“ биле свесни дека нејзиното вознемирување произлегло од неговото одбивање, не превземале ништо.

Олохан рече дека почнал да чувствува притисок од неговиот претпоставен и дека следниот месец го отпуштиле и му го прекинале работниот однос по 16 години во компанијата.

 

Scroll to Top