Шпанска новинарка добила закана за силување поради прашање до тренерот на Реал Мадрид

Шпанската новинарка Марија Моран се пожали на социјалните мрежи дека добила закани и навреди поради тоа што го прашала тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Таа објавила порака во која еден навивач и се заканува дека ќе ја силува и ја навредувал неа и нејзината 18-месечна ќерка само затоа што прашала дали еден црвен картон ќе го смири Винисиус Јуниор и ќе го спречи постојано да ги напаѓа судиите.

„Дали мислите дека Винисиус би користел еден црвен картон како лекција за постојано жалење на судиите“, беше прашањето што таа му го поставила на Анчелоти.

Тренерот на Реал одговорил дека смета дека нема потреба да го исклучи и дека жолтите картони се доволно предупредување.

По прашањето на новинарската следувале лавина негативни коментари на социјалните мрежи. Но новинарката исто така и добила бројни пораки за поддршка.

Таа била во центарот на вниманието кога пред еден месец објавила дека нејзиниот поранешен сопруг и поранешен голман на Барселона Јаспер Силесен ја уценувал и не и плаќал алиментација.

Scroll to Top