Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стана заштитно лице на„Луј Витон“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стана заштитно лице на познатиот моден бренд „Луј Витон“.

Како што истакнаа претставниците за медиумите на брендот, целиот тим е повеќе од почестен поради тоа што шпанскиот тенисер ја прифатил оваа задача.

„За мене Луј Витон е бренд кој отсекогаш сум го почитувал. Кога ми се укажа можност да работам со тимот, веднаш знаев дека ова ќе биде совршено партнерство“, изјавил Алкараз.

Според „Вог“, шпанскиот тенисер изминативе неколку години ги посветил на едукација за актуелните модни трендови, но и на можноста како да ги примени овие трендови на тенискиот терен.

„Навистина сакам да знам повеќе за модата. Мислам дека тоа е интересен свет кој ме возбудува“, изјавил тенисерот, а пренесува „Вог“.

 

Scroll to Top