Ако денеска имате секс, со секс ќе ви биде цела година. Денеска е Св. Игнат, а кај народот постои верување дека што ќе правите во текот на денешниот ден, ќе правите цела година.
Според верувањето, денеска не треба да трошите пари за да не трошите многу ни до крајот на годината.
Денеска не треба ни да се карате со блиските зашто цела година ќе ви помине во карање.
Многу е важно кој прв ќе ви влезе во домот зашто каков е тој/таа, таква ќе ви биде и домашната среќа до следната година.
Некои луѓе денеска патуваат за да патуваат постојано во текот на годината.