Некои од најголемите имиња во германската автомобилска индустрија, како што се БМВ, Дајмлер, Ауди и Порше се погодени од масовни штрајкови по несогласувањата околу платите и работните часови.
Околу 7.000 вработени во БМВ во Минхен почнаа штрајк, кажа Хораст Лишка од ИГ Метал, најголемиот синдикат во Германија, кој ги води 24-часовните штрајкови во металната и електронската индустрија.
„Работата во целата фабрика е запрена“, додаде тој.
Во текот на штрајковите се очекува околу 300.000 работници да прекинат со работа. Околу 200.000 тоа го направија два дена претходно.
Синдикатот бара зголемување на платите за 6 отсто за неговите членови, што е двојно од она што работодавачите го понудија.
„Како резултат на тоа денес нема да бидат произведени 1.600 автомобили“, кажа тој, објаснувајќи колку изнесува дневната производна стапка.
Фабриката во Синделфинген е една од трите капацитети погодена од штрајковите, заедно со друга фабрика на Дајмлер и на Порше.
Две фабрики на Ауди во Баварија се затворени од 6 часот наутро, а портпаролот на синдикатот, но не знаеше да каже колку вработени штрајкуваат.