„Шумахер се бори за живот“, Жан Тод со детали за состојбата на Германецот

Првиот човек на Светската автомобилистичка федерација, Жан Тод, откри во медиумите дека неодамна бил во посета на Михаел Шумахер. Поранешниот прв човек на „Ферари“ за медиумите објасни дека често се гледа со Германецот и дека е запознаен со неговата здравствена состојба.

„Се видов со Шумахер минатата недела. Тој се бори за живот. Се надевам дека светот повторно ќе има можнст да го види. На тоа работи и неговото семејство“, изјавил Тод за „Дејли мејл“ и објаснил дека е оптимистичен за здравјето на седумкратниот светски шампион.

По несреќата, што ја доби за време на скијање во 2013 година, светската јавност речиси и да не знае ништо за состојбата на славниот Германец.

Семејството со години молчи за неговата состојба, а мал број пријатели имаат можност да го поседат. Ретко кој се осудува во јавноста да изнесе какви било информации за неговата состојба.

Еден од ретките што се осуди да проговори за неговата состојба е Жан Тод, кој му едолгогодишен добар пријател.

Минатиот месец семејството на Шумахер сугерира дека тој е подготвен за операција со матични клетки, но извор за „Дејли мејл“ открива дека во моментот ваквите операции се неизводливи со оглед на ситуацијата што ја предизвика коронавирусот.

 

Scroll to Top