Швајцарски уметници направија хотел со нула ѕвезди

Швајцарските концептуални уметници покажаа дека хотелот не мора нужно да биде во зграда на која сме навикнати. Нивниот хотел е поинаков од кој било досега, а има сè што има секој хотел, на пример кревет.

Хотел со нула ѕвезди е иновативен концепт на швајцарски уметници, со кој сакаат да го свртат вниманието на јавноста кон растечките климатски промени и штетните влијанија на човекот врз планетата и општеството.

Нивниот хотел е сосема различен од обичните хотели. Се наоѓа на локален пат до бензинска пумпа во селото Сајон, на југот на земјата во кантонот Вале. Овој хотел има 0 ѕвезди, без ѕидови или таван, само еден брачен кревет.

Уметниците веќе имале искуство во хотелската индустрија, нивните претходни верзии на хотелот биле сместени во идилично швајцарско село. Сепак, тие сфатиле дека нивната мисија е да укажат на промените кои се неопходни во општеството. Треба што поскоро да почнеме да размислуваме за проблемите во светот, климатските промени, војната и другите штетни дејства на човештвото.

Во новата верзија на хотелот гостите не можат да уживаат во мир и тишина. Нивниот одмор го нарушуваат автомобилите и сообраќајниот метеж, како и луѓето на бензинската пумпа. Авторите на хотелот посочуваат дека поентата веќе не е во спиење и одмор, туку во преземање иницијатива и одговорност. Хотелот со нула ѕвезди е нивниот придонес во глобалната борба против загадувањето не само на планетата, туку и на општеството.

 

Scroll to Top