Специјалната „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај: Бекам, Синди Крафорд, Џастин Бибер и куп славни гости во серијата

By

За собирањето на тимот од серијата „Пријатели“ многу се зборуваше, а специјалната емисија ќе се емитува на 27 мај на платформата HBO Max.

„Официјално е! Собирот ‘Пријатели’ ќе има премиера на 27 мај на платформата HBO Max – дали можеме да бидеме повозбудени?!“, напиша ѕвездата на „Пријатели“, Џенифер Анистон, на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Освен Анистон, која ја играше Рејчел Грин во „Пријатели“, ќе се појават и другите членови на незаборавниот тим – Дејвид Швимер (Рос Гелер), Метју Пери (Чендлер Бинг), Кортни Кокс (Моника Гелер), Мет Лебланк (Џои Трибијани) ) и Лиза Кадроу (Фиби Буфе).

Но, тоа не е сè. Шоуто ќе има и специјални гости. Преполно е со познати личности, а списокот е исто така познат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Friends (@friends)

На собирот на „Пријатели“ ќе учествуваат уште Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Кара Делевињ, Лејди Гага, Елиот Гулд, Лери Хенкин, Кит Херингтон, Минди Килинг, Томас Ленон, Кристина Пиклс, Том Селек, Џејмс Мајкл Тајлер, Меги Вилер, Рис Витерспун и Малала Јузафаи.

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao website: Watch My Hero Academia Episode 8

4Anime gleipnir 4anime: Watch Gintama Episode 78 (https://4anime.biz/m/vyJ/ep-78)