Србин десет години шета бос низ светот: Луѓето ме гледаат чудно, ама веќе не ми е непријатно

Александар Манчиќ (40) од Пожаревац, Србија, пред десет години почнал да чекори бос по улиците на својот роден град, оти веќе не сакал да го стегаат и да му прават плускавци неудобните обувки. Потоа почнал да шета бос низ Србија, па така дошол на идеја да патува бос насекаде низ светот. До сега посетил преку 26 земји и вели ќе продолжи, оти до сега не бил во Америка и Австралија, а следна дестинација му е Африка, рекол тој за порталот „Б-92“.

Кога првпат зачекорил бос му било најтешко. Излегол ноќе и тргнал низ улиците на родниот град. Прво му било непријатно, се срамел, го криел погледот од другите луѓе или го менувал правецот на движење кога ќе забележел минувачи. Уште потешко му било лесно кога првпат излегол дење без обувки. Бил нервозен, се препотувал и црвенеел. Денес, десет години подоцна, му е многу полесно.

„Сега веќе не се грижам што ќе кажат другите. На почетокот реакциите на минувачите беа различни. Некои се чудеа, некои се смееја, трети зјапаа во мене. Многумина мислела дека со тоа ќе си го нарушам здравјето. Но, во медицината не постои податок што укажува дека ваквиот стил на живот го загрозува здравјето на бубрезите, мочниот меур и простатата, туку, напротив, на овој начин имунитетот се зајакнува, а циркулацијата се подобрува“, вели Александар, кој додава дека откога оди бос се чувствува подобро. Тој оди бос од април до октомври, но, вели, во последно време носи обувки кога температурата е под -10 степени.

На овој начин Александар пропатувал низ половина Европа, бил и во Азија. Наредната дестинација му е Африка и се мисли дали прво да го посети Египет, Тунис или Мароко. Главно патува преку туристички агенции, па на сопатниците секогаш одново мора да им објаснува зошто оди бос, бидејќи на почетокот тоа на сите им е чудно.

„Странците не обрнуваат внимание дали е некој бос или не, внимание обрнуваат во некои јужни земји, како Турција на пример. Во Западна Европа и во Русија никој не ме погледнал со чудење, но во Северна Европа. И на Данците и на Швеѓаните тоа им беше нормално“, вели тој.

Во разговорот Александар открил и дека единствено во музејот на Салвадор Дали во Шпанија му побарале да се обуе пред да влезе.

„Во ‘Лувр’ во Париз зависи од обезбедувањето, некои пуштаат, некои не. Така е и во ‘Ермитаж’. Во Кремљ во Москва не ми дозволија да влезам пред да му го предадам стативот за сликање на обезбедувањето. Така беше и во Аја Софија во Истанбул“, раскажува.

Од земјите што до сега ги видел ги препорачува Летонија, Данска, Индија, Кина, Франција и Италија. И покрај тоа, на прво место му е Србија.

„Најубава е мојата земја, има голем број места што треба да се посетат. Јас со една туристичка агенција од Смедерево 19 пати посетив интересни локалитети, а исто толку патував и сам. Лани само имав триесетина авантури во татковината, а тоа треба да го доживее секој“, додал Александар.

Scroll to Top