Стенд ап шоу со македонските комичари Миро и Чедо во Јавна Соба

Стенд ап шоу во Скопје со комичарите Мирослав Петковиќ и Чедомир Митевски. Двата соло настапи на стенд ап комичарите закажани за на 31. мај од колективот Кабаре Кабает во соработка со Продукција Златен Заб ќе се случат во Јавна Соба со почеток во 20ч. во Јавна Соба.

Премиерно ,,Мојот живот, Калакурница”, соло шоу на актерот и стенд ап комичар Мирослав Петковиќ, познат и како Чика Брко. Неговото алтер его раскажува за бизарни и апсурдни ситуации од животот, кој секој од нас ги поминал барем еднаш. А откако ќе ги ги преживеете, сигурно си велите во себе: ,,каква калакурница”.

Чедомир Митевски актер, музичар, стенд ап комичар и професионален дегустатор на храна (гурман на кубен) ќе ни го презентира неговиот таен рецепт „Како е да си дебел глумец во Македонија”. Апел од актерот: ,,На 31. мај ќе има много калорични приказне, стопирајте гу диету и процес: морам да имам плочке на плажу до први!”.

Билетите се по цена од 250 денари и можат да се набават на платформата на Продукција Златен Заб www.zlatenzab.mk

Scroll to Top