Свадба во вселената организира позната команија

Една од основачите на „Спејс перспектив“, Џејн Појнтер, сака да биде првата што ќе понуди можност за свадби во вселената. Појнтер изјавила дека веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а церемониите ќе се изведуваат во вселенското летало Нептун.

„Има парови кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа“, рекла Појнтер.

Вселенското летало Нептун е развиено за да биде прифатливо, одржливо и безбедно на или над планетата Земја. Се состои од „Вселенски балон“, „Резервен пристоен систем“ и „Капсула Нептун“.

За разлика од другите вселенски летала каде што делот од екипажот се одвојува од еден систем за време на летот и се префрла на друг систем за летање, капсулата на вселенскиот брод Нептун останува поврзана со „Вселенскиот балон“ во текот на целиот лет, од полетувањето до слетувањето, со што нуди безбеден и удобен лет.

„Вселенското летало Нептун патува во вселената користејќи го нашиот „Вселенски балон“, кој користи обновлив водород, без ракети и придружниот јаглероден отпечаток. Наместо да полетаме со експлозија, ние полека се искачуваме со брзина од 19 km/h, така што искуството е достапно за секој кој е здрав, способен за летање со комерцијални авиони. Нашиот балон е докажана технологија која со децении се користи од нашиот тим со НАСА и други владини агенции за подигнување на истражувачки телескопи и други тешки чувствителни инструменти“, велат од компанијата.

Нептун го има својот примарен систем за летање, а опремен е со помошен систем за слетување составен од четири падобрани сместени помеѓу капсулата и „Вселенскиот балон“. Падобраните можат беспрекорно и на момент да преземат контрола од примарните системи доколку се потребни, со што се гарантира безбедно слетување. Ваквите падобрани се користат со децении и се 100% успешни.

„Спејс перспектив“ сака да го овозможи вселенското патување за што повеќе луѓе.

Scroll to Top