Свршеница на ѕвезда од „X-фактор“ почина на денот на венчавката

Ѕвездата од Х-фактор, Том Ман (28) објави дека неговата свршеница Даниел Хемпсон, починала во саботата утрото на денот кога требало да се венчаат. Таа починала на 34 години, а засега причината за нејзината смрт е непозната.

Минатиот месец таа се вратила од Сардинија, но не се пожалила на никакви здравствени проблеми, пренесе Independent.

„Не можам да верувам дека ова ви го говорам, но мојата драга Дани, мојата пријателка, моето сè и многу повеќе од тоа, љубовта на мојот живот, почина во раните утрински часови во саботата на 18 јуни. Она што требаше да биде најсреќниот ден во мојот живот, заврши со скршено срце. Чувствував како да исплакав цел океан. Никогаш не успеавме да дојдеме до олтарот и да си ги кажеме нашите завети, да го одиграме нашиот прв танц, но, Даниел знам дека и ти знаеш дека ти беше целиот мој свет и најдобрата работа која некогаш ми се има случено. Ќе го носам овој прстен кој требаше да го носам како знак на мојаата безусловна љубов кон тебе“, рече Том.

Тој призна дека се чувствува скршено, но и дека ќе остане силен заради нивниот осумесечен син.

„Искрено не знам како ќе продолжам понатаму, но знам дека морам да ја соберам целата сила која ја имам за нашиот син. Знам дека нема да бидам ни одблизу родител каква што беше ти, но ти ветувам дека ќе направам сè за да го одгледам Бови онака како што отсекогаш ти сакаше“, додаде тој и објави фотографија од неговата сопруга и син.

„Беше најубавата личност и од внатре и од надвор. Најневеројатно суштество и душа од човек. Изгубивме посебна личност. Ќе се обидам да пронајдам мир во вашите пораки и коментари, но во моментов тагувам и ќе тагувам уште многу долго. Драга моја Дани, најсјајен зрак на светлината во секоја просторија, мојот свет без тебе е ништо друго освен темница. Засекогаш ќе ми недостигаш“, додаде пејачот.

За потсетување, Том и Даниела беа во врска од 2015 година. Се свршија во декември 2019 година во еден кафич за џез во Лондон.

Scroll to Top