Ти посакувам повеќе причини за насмевка во иднина, му посака Олена на Володимир за неговиот 45. роденден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го прославува 45. роденден, а неговата сопруга Олена му испрати емотивна порака која ја сподели со јавноста.

„Често ме прашуваат дали си се променил оваа година. И јас секогаш одговарам: „Тој не се смени“. Тој е истиот. Истото момче што го запознав кога имавме седумнаесет години. Но, нешто се промени: сега се смееш многу помалку. На пример, како на оваа фотографија“, напиша Зеленска.

Таа му посакува повеќе причини за насмевка во иднина и нагласи дека е доволно тврдоглав да ја постигне целта на која сите се надеваат.

Володимир е роден на 25 јануари 1978 година.

Scroll to Top