Тито по влечки бегал од Јованка

Во јули 1985 година во Југославија биле отворени транскрипти поврзани со Јосип Броз Тито, каде што се споменува кешот од околу 800 милиони динари, неутврдена голема количина девизи, автомобили, јахти, вили…

Во транскриптите се споменува и Јованка.

„Разговаравме по наредба на другарот Тито, во Белиот дворец, во присувство на Петар Стамболиќ, кога другарот Тито по влечки побегна бидејќи беше тешко болен. Тогаш нè замоли да ѝ забраниме да доаѓа во Белиот дворец, иако веќе другиот ден се предомисли. Тоа не беше расправија, туку разговор“, стои во пишувањата на Доланц, кој додал дека според извештајот на лекарот, животот на Тито бил загрозен поради Јованка.

„Во Игало отидовме Петар Стамобиќ, Никола Љубичиќ, Џемал Биједиќ и јас. Другарот Тито не се ни осмели да се сретне со нас во вилата, туку на бродот ‘Галеб’ за да не нè види Јованка. Таму ни раскажа што се случува. Тоа беше времето кога во тоалетот си впериле пиштоли еден на друг“, тврдел Доланац и навел дека постои лекарско мислење според кое Јованка не е нормална.

Доланац потоа се осврнува на оставинската расправа која ја покренале Јованка и синовите на Броз, Жарко и Миша.

„Во готово има повеќе од 800 милиони динари (околу 2,7 милиони тогашни американски долари, односно 11,5 милиони денешни долари), плус девизи, а Јованка за себе бара повеќе од една третина, па меѓусебно се тужат. Јованка ги бара јахтите, шест автомобили итн. Каква трага остава на личноста на другарот Тито, тоа е прашање“, навел Доланац.

 

Scroll to Top