Топ 10 места во Хрватска што вреди да ги посетите оваа година

Репортер избра топ 10 места во Хрватска од кои некои се доста популарни, но има и такви кои се вистински бисери иако останале во сенка. Секоја од овие дестинации ќе ве воодушеви на свој посебен начин.

Самобор

Самобор е одличен избор за кратко викенд-патување додека ја шетате Хрватска. Посетете ги ѕидините на стариот град, како и неговите галерии и музеи, но не заборавајте и да ја пробате одличната локална кујна. За превоз имате повеќе автобуски линии, но можете и со автомобил.

Врбник

Ова гратче кое се наоѓа над Јадранското море, е сместено во срцето на островот Крк. Важи за една од најдобрите дестинации за опушен одмор и мирно летување.

Цавтат

Оваа дестинација е сoздадена за летување. Цавтат има одлични, а сепак многу поволни хотели, одлични плажи и многубројни места за излегувањеа.

Мотовун

Како и Самобор, и Мотовун важи за една од најдобрите викенд-дестинации во Хрватска. Сместен е на само 3 часа од Загреб доколку одите со автомобил. Нема да зажалите доколку го посетите овој прекрасен истарски град со преубав поглед кон морето.

Дубровник

Ниту еден од овие дестинации кои се наоѓаат на листата не може да се мери со Дубровник, бидејќи тој е еден од најубавите градови на Медитеранот. Посетете го оваа година и уверете се зошто е толку популарен.

Национален парк Плитвички Езера

Хрватска е преполна со Национални паркови, но Плитвичките езера се нешто посебно и се најдобар избор за одмор во периодот меѓу март и септември.

Осјек

Осјек се наоѓа во Славонија и еден од најголемите градови во Хрватска. Пробајте ја одличната локална кујна, забавувајте се со во клубовите и кафулињата, посетете ги парковите, плоштадите, како и Катадралата.

Ровињ

Овој град е бисерот на Истра и важи за еден од најромантичните градови на Медитеранот. Уживајте додека ги разгледувате музеите, галериите, црквите и опуштете се со некоја романтична вечера или, пак, долга прошетка по камените улици на Ровињ.

Сплит

Овој град е идеален за љубителите на музиката, храната, плажата и културата. Важи за еден од најголемите и најживописни градови во Храватска. Секоја година го посетуваат десетици илјади туристи токму поради забавата што ја нуди. Затоа многумина го нарекуваат и најзабавниот град во Хрватска.

Корчула

Ова е совршен избор за сите оние кои бараат фин одмор исполент со мир и тишина, луксузни ресторани и прекрасен залез на сонцето.

Scroll to Top