Традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше ќе се одржи деветнаесетти пат

По деветнаесетти пат на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на пејачот, хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.

„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 300 единици крв“, информриаат од Цвениот крст.

Организатори на крводарителската акција се Црветниот крст на град Скопје и Република Северна Македонија, Општинска организација Центар во соработка со ИТМ.
Scroll to Top