Светлиот, аристократски тен е најтежок за одржување во текот на целата година. Затоа е неопходна правилна нега и добра шминка. Визажистите препорачуваат пудрата да се нанесува и на деколтето за да се постигне природен изглед.
Изберете го руменилото според тонот на кожата
Бојата на руменилото зависи од тонот на кожата. На луѓето со светол тен најдобро им одговараат розови нијанси. На кожата со пеги најдобро одговара руменило во боја на кајсија зашто ќе ѝ даде на кожата топлина.
Интензивни кармини за совршен контраст
За време на летниот период придржувајте се до правилото „помалку е повеќе“, па колку е шминката попроsирна, толку е подобро. Светлиот тен не бара сенчење. Доволно е да изберете соодветен кармин кој совршено ќе го истакне порцеланскиот тен. Црвената и коралната боја се одличен избор.
Бојата на веѓите усогласете ја со бојата на косата
Истакнатите веѓи совршено ќе го заокружат лицето, но не треба да се претерува. Најдобро е бојата на моливчето да е соодвретна со бојата на косата. Започнете од внатрешниот агол и со кратки и брзи потези исцртајте лак на веѓите, па нанесете гел за веѓи. Тоа ќе им даде волумен, а и нијансата на моливчето ќе трае подолго.