Уапсен албански политичар, кој го ограбил Карим Бензема

Албанската полиција во соработка со Интерпол, го уапсила албанскиот политичар Афлред Проданија, кој долги години работел и како директор во едно јавно претпријатие во Албанија.

Неговото апсење предизвика реакции во Албанија, затоа што бил претставник на владата и девет години работел како директор на водовод во Курбинската област.

„Тој го ограби Бензема и беше поставен за директор. Ако го ограбеше Меси, ќе станеше министер“, рече пратеникот од опозицијата во Албанија Крешник Спахиу.

Полицијата го сомничи Продани за учество во 40 грабежи во Шпанија во време од 2013 година па сè до денес. Бил дел и од организиран грабеж во 2019 година во домот на Карим Бензема. Грабежот се случил додека Бензема со Реал Мадрид играл против Барселона.

По три години полицијата успеа да уапси еден од крадците, а шпанските медиуми тврдат дека овој случај е многу јасен и дека доказите против него се уверливи. По информациите до кои стигнаа нема простор за грешка и сега останува да се види само како овој случај ќе се развива.

Се претпоставува дека Продани ќе биде испорачан на Шпанија и дека ќе му се суди заедно со останатите лица уапсени во оваа акција.

Како што пренесуваат извори од Шпанија, за грабежот во куќата на Бензема обвинет е и уште еден албански бизнисмен кој има неколку големи компании во странство. Засега не е познат неговиот индентитет. За потсетување Бензема беше ограбен двапати во последните неколку години.

 

 

Scroll to Top