Минатата недела при гранатирање на Киев, загина украинскиот ТВ водител и актер Паша Ли (33). Странскиот медиум Унилад објави пред да загине во војната, му го дал својот панцир на дете.
Во неделата, шефот на украинскиот Центар за граѓански слободи, Олександра Матвичук, шеф на украинскиот Центар за граѓански слободи, објави дека телото на Ли било пронајдено во Ирпин, каде што бил убиен додека помагал во евакуацијата на градот. Таа сподели и фотографија од актерот облечен во униформа како седи покрај германски овчар, која е направена бргу по неговото приклучување на украинските вооружени сили.
Yaroslav Bevzyuk: We found the body of our Pasha Lee. He helped the children get out of the house during the evacuation of people from Irpen. The evacuation that Russians disrupted by shelling civilians. Pasha took off his bulletproof vest and put it on the child he was carrying pic.twitter.com/iDjfKTy4Jc
— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) March 13, 2022
Актерот беше активен на социјалните мрежи, па често споделуваше фотографии од бојното поле со своите следбеници, а последен пат се огласи два дена пред неговата смрт.
„Во последните 48 часа, имавме шанса да седнеме и да се фотографираме додека нè бомбардираат. Но, се смееме затоа што ќе успееме, ќе се браниме. Да се обединиме!“ напиша актерот.
View this post on Instagram
Во 2017 година, Ли го сними спортскиот акционен филм The Fight Rules, а ги синхронизираше и филмовите „Кралот лав“ и „Хобит“. Еден од неговите последни проекти беше ТВ-драмата Provincial од 2021 година.
View this post on Instagram
За потстеување, Ли загина на 9. март за време на битката со руските сили кои го бомбардираа градот Ирпин во близина на главниот град Киев, објави тогаш Би-би-си. Тој се пријавил за територијална одбрана на Украина во првите денови од војната.
Украинскиот глумец и водител Паша Ли загина при гранатирање на Киев