(Видео) Американски комичар добил смртни закани затоа што се исмевал за смртта на Коби

Познатиот американски комичар Али Шафир добил неколку смртни закани затоа што се исмевал за смртта на Коби Брајант. Шафир фановите на социјалните мрежи ги потсетил за наводното силување на легендарниот кошаркар и како тоа Коби се извлекол од сите обвинувања.

„Коби Брајант задоцни со погребот 23 години. Се извлече за силување затоа што холивудските либерали повеќе се навивачи на ‘Лејкерси’ отколку што презираат силување. Голем поздрав за херојот што заборави да тури гориво во хеликоптерот. Ги мразам ‘Лејкерси’. Каков прекрасен ден“, напишал Шериф на социјалните мрежи.

Од њујоршкиот „Комеди клуб“ ги откажале сите негови настапи, а поради смртните закани, морале да повикаат и полиција. Засега нема уапсени лица поради заканите што ги добил Шафир, а тој вели дека има објаснување за ваквото скандалозно видео:

„Секојпат кога ќе умре некоја позната личност, јас објавувам ужасни работи за неа. Тоа го работам веќе со години. Сакам да ги уништувам боговите. И баш кога некоја позната личност ќе умре, тогаш најмногу ја обожаваат. И како одговор на изливите на сочувство и љубов на социјалните мрежи, јас објавувам нешто зло. Тоа е само шега. Навистина не мразам никој од тие луѓе“, напишал Шафир.

Scroll to Top